Активистот Бојан Јовановски е избран за нов претседател на Меѓународниот сојуз преку тајно гласање на 52 делегати од земјава и Европа.
Заедно со Јовановски имало уште тројца кои се кандидирале за позицијата претседател на сојузот. Тој функцијата ќе ја преземе на 22 јуни оваа година.
– Ќе се заложам да секој еден граѓанин добие достоинствен живот, заедно со мојот тим кој што ќе биде претставен на свеченото превземање на функцијата. Ќе работиме за среќно општество каде нема да има гладни, боси и обесправени лица, напиша Јовановски на својот фејсбук профил.