Јовановски ќе формира Влада во сенка ако стане лидер на СДСМ

Од:

Зоран Јовановски ја официјализира својата кандидатура за претседател на СДСМ, и соопшти неколку мерки од програмата.

Прво, организациски, стриктно ќе го примениме принципот “огледало на изборната мрежа“, односно СДСМ ќе биде поставен комплетно исто како што е поставена Република Македонија за парламентарни избори. Тоа значи дека покрај претседател, потпретседатели и секретар, во СДСМ ќе има шест главни координатори, за секоја изборна единица по еден, и тие ќе бидат за изборната единица на која и припаѓаат, рече тој.

Овие шест главни координатори ќе имаат сериозна политичка и оперативна позиција и одговорности. Ваквиот пристап во организацијата ќе се пренесе и надолу до партиската база. Ова значи дека СДСМ ќе биде присутен во поактивна организирана форма до последното маало или зграда, со еден збор, ќе бидеме организирани и ќе нé има насекаде.

Вториот елемент од мојата програма го нарековме “силата на регионите“ и се потпира на регионалниот политички принцип. Пред неколку дена најавив дека за парламентарни избори, носителите на листите за пратеници за секоја изборна единица ќе бидат токму од таа изборна единица. Денес сакам јавно да соопштам дека не само носителите на листите туку и комплетната листа на пратеници од СДСМ за секоја изборна единица ќе биде со кандидати токму од таа изборна единица. Ваквиот регионален пристап е чесен и праведен и дава еднакви шанси на сите членови.
Трето, конечно ќе ја реализираме идејата за Влада во сенка, идеја што ја промовирам и за неа се залагам внатре во партијата веќе една и пол година. Владата во сенка нема да биде само објава на имиња, туку ќе значи и организација на партијата по ресори, ќе обезбеди производство на проекти и идеи и поквалитетна комуникација со јавноста. Владата во сенка ќе ја формираме најдоцна до крајот на годината.

Четврто, ќе ја подмладиме партијата. На младите од социјалдемократската младина на Македонија ќе им го дадеме местото што им припаѓа, ќе отвориме простор за нивниот голем интелектуален потенцијал, да дадат значаен придонес за сите активности на партијата. И, не може веќе да се случи во пратеничката група на СДСМ да нема ниту еден претставник од младината.

Со посочените мерки ќе ја раздвижиме партијата, ќе ги зголемиме енергијата, ентузијазмот и мотивацијата кај членството, ќе ја подобриме внатрепартиската комуникација и ќе ја зголемиме взаемната доверба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски