Јовановски: Истото што го правеа Талибанците и ИСИС во регионите зафатени од војна, го гледаме денес во Македонија од СДСМ

Од:

„Само Талибанците во Авганистан и радикалите на ИСИС во Сирија и во Ирак уриваа споменици.

Нивната деструкција, невидена за 21 век ја осуди целиот цивилизиран свет.

Истото што го правеа Талибанците и ИСИС во регионите зафатени од војна, го гледаме денес во Македонија, во срцето на Европа, од страна на СДСМ.

СДСМ, кукавички во раните утрински часови решија да го задоволуваат својот апетит за деструкција“, изјави Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ не може да поднесат да гледаат ништо што е изградено, создадено и што претставува паметник за македонската историја. Не им дава мир истовремено многу ги боли бидејќи тие самите се неспособни за ништо креативно.

СДСМ денес манифестираа длабока фрустрација и гнев кон никој друг освен кон Македонија, и кон македонската историја и кон македонската култура. СДСМ работи за рушење на македонскиот национален дух, имаме историја кој се продава, неуставен закон за јазици, преминувани аеродром и автопат за што нашата татковина Македонија не доби ништо, споменици на херои кои се руштат.

СДСМ во тајност, далеку од очите на јавноста, во текот на ноќта го срушија споменикот на македонскиот револуционер Андон Јанев Лазов – Ќосето.

Надвор од умот и од цивилизираното однесување, надвор од законот, вандалите испратија механизација за да отпочнат со уривање за да ја покријат неспособноста и неработењето овие 9 месеци откако се на власт.

Споменикот на Андон Јанев Лазов – Ќосето, почитувани мои не е дивоградба, како што тие сакаат да кажат и оправдаат! Советот на град Скопје согласно закон со бандинтерово мнозинство има донесено одлука за негово поставување. Општината Центар има доделено и маркица врз основа на деталниот урбанистички план.

Тоа се фактите, а тоа што го направи СДСМ е вандалски чин за кој се одговара. Во Македонија од илјадници дивоградби, вандалите одлучија да почнат да уриваат споменици кои се поставени согласно закон.

За ова, почитувани мои, се одговара и морално, а се одговара и правно! За ова ќе има и мора да има кривична одговорност. Шилегов вели дека нема пари за нови проекти но пари за уривање има.

Власта потроши скоро 1 година во рушење и во расипничко трошење на парите на граѓаните. Истовремено нема направено ниту еден капитален проект. Од СДСМ скоро година дена гледаме само деструкција.

Рушењето на споменикот е резултат на гневот на СДСМ кон генерациите македонци кои останале доследни на идејата за македонската државност.

Почитувани мои, ВМРО-ДПМНЕ откако ќе се врати на власт ќе ги исправи сите штети кои ги предизвикува оваа вандалска власт“, вели Крсте Јовановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024