Јовановски го повика Иванов да ги амнестира притворените

Од:

Денес се најави почетокот на крајот на демократијата во Република Македонија. 36 чесни граѓани се уапсени за тероризам, рече Крсто Јовановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека не е демократија тие што се навистина терористи да се ослободени, а чесните луѓе кои се притворени да се казнат за тероризам.

Јовановски го повика Иванов да ги амнестира притворените.

Тој рече дека луѓето кои што се внатре во Судот, 70 дена протестираа за демократија и слободна држава.

– Сите тие рано сабајле ги оставија своите деца во солзи. Оваа власт сака да згаси се пред себе, рече Јовановски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ им порача на судиите да направат разлика што е тероризам, а што патриотизам.

Јовановски исто така и се обрати и на полицијата која стои пред судот, велејќи им да се запрашаат кого всушност чуваат, при што додаде, дека ова ќе биде долга ноќ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски