А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Јованоски: Нема нови жаришта во Прилеп, но мерките за претпазливост остануваат

by А1он15/05/2020 - 15:34611
Share0

Прилепскиот кризен штаб денеска ја разгледа ситуацијата со заразата од корона вирусот. Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, градот има три нови случаи на заразени, а двајца новоозравени.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани три нови случаи на заразени со коронавирус и два оздравени. Во моментов на инфективното оддление во градската болница, се хоспитализирани 21 пациент, од нив позитивни се 16, а за пет се чека резултат. Триесет и шест граѓани се на домашно лекување. Вкупно, од почетокот на пандемијата,193 наши сограѓани се заразиле со коронавирусот, од нив 63 се активни случаи, а се оздравени 118 лица и има12 смртни случаи. Вкупната бројка на извршени тестови изнесува 906, изјави Јованоски.

Јованоски децидно ги отфла секаквите паушални, тенденциозни изјави за нови жаришта во градот.

-Никој нема право, да стигматизира и да дискриминира една етничка заедница, дека токму тие се најпогодени од коронавирусот, во случајот Ромите од населбата Тризла. Сакам да потенцирам од болеста подеднакво се погодени граѓаните од сите етнички заедници: Македонци, Роми, Турци и останатите, изјави Јованоски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Прилеп продолжува со спроведувањето мерки за заштита на колективното здравје на граѓаните. наредниов викенд градот ја продолжува акцијата за дезинфекција на улиците, јавните површини и на зградите во градот.

Јованоски информира дека комплетно е завршена постапката за субвенционирање на инвертор клими и за набавка на велосипеди.

-Во текот на следната недела, Општината на трансакционите сметки на сите граѓани кои ги исполниле условите на Јавниот повик, ќе им ги префрли средставата за набавените клими и велосипедите. Во текот на наредната недела, ќе ја распределиме донацијата од 100 таблет- компјутери, кои тетовското семејство Дестани преку компанијата „Еколог“, ги донираше за учениците од социјално загрозените семејства од Прилеп, рече Јованоски.

Јованоски ја нагласи пораката до граѓаните да се придржуваат до мерките и препораките на Владата, на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести и да не се злоупотребува олабавувањето на мерките. Јованоски со порака до граѓани од над 67-годишна возраст, особено оние со хронични болести, и покрај олабавувањето на мерките, што помалку да ги напуштаат своите домови и на тој начин да се заштитат себеси и своите семејства.

koronavirus mkdprilep

Би можело да ве интересира

Уапсен е службеник во Агенција за вработување – барал мито од прилепчанец за да не му ја укинат социјалната помош

А1он25/07/2026 - 14:3725/07/2026 - 15:20

Голем дефект на водоводна цевка ја поплави прилепската противпожарна единица

Горан Наумовски13/07/2026 - 17:13

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:19

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Горан Наумовски22/10/2025 - 20:29

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Катерина Ѓуровски22/10/2025 - 12:39

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

Горан Наумовски18/10/2025 - 08:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео