Јотова: Бугарија мора цврсто да остане на своите ставови

Од:

Бугарија мора да стои цврсто на ставот базиран на заклучоците на Консултативниот совет за национална безбедност, што беа усвоени од бугарскиот претседател минатата есен, како и на рамковната позиција на Владата и на декларацијата на Националното собрание, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова за БГНЕС, коментирајќи ја позицијата на Софија во однос на одобрувањето на преговарачката рамка на земјава со ЕУ.

– Не може да има компромис со нашата историја. Длабоко сум загрижена од тоа што се случува. Само до пред една година, сметав дека сите клаузули запишани во Договорот за добрососедство ќе станат дел од европската рамка кога ќе почнат преговорите со Република Северна Македонија. Имавме гаранции од разни форуми, не само од Советот на министри за надворешни работи и од Советот за општи работи, тврди Јотова.

Таа во изјавата потсетува и дека Бугарија е под мониторинг на Советот на Европа во врска со „тврдењата на една организација за македонско малцинство“, додавајќи дека и покрај многуте напори за негово прекинување, мониторингот и натаму продолжува. Јотова нагласува дека задача на бугарските претставници е овој мониторинг да биде укинат час поскоро, затоа што, според неа, тој е правно неодржлив, имјаќи предвид дека бугарскиот Устав не познава малцинства.

– Го давам овој пример за да нагласам дека тој дефинитивно треба да биде зметнат во преговарачката рамка со Република Северна Македонија, како во однос на идните можни територијални претензии, така и во однос на малцинствата и во однос на јасниот текст за јазикот, наведува Јотова во изјавата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк

Има очекувања на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за да се одблокира европскиот пат на земјава