Јотова: Бугарија има право на цврста позиција кон Македонија за бугарските воени споменици

Од:

Прашањето за членство на Република Северна Македонија во ЕУ не е само бугарско, само балканско, туку е и паневропско, бидејќи се работи за политичко проширување на Унијата, тема што долго време беше на европската маса и која, за жал, не го најде својот консензус, вели потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

Јотова во изјава за БНТ се осврна и на, како што рече, „скеврнавењето на гробовите на бугарските војници во Република Северна Македонија“, оценувајќи дека тоа е „многу долга сага“.

Јотова потсети дека во 2010 година и во Европскиот парламент, бугарската делегација го поставила ова прашање, како и тоа дека имало и мисија во Република Северна Македонија во врска со тоа, во која учествувале европратеници од други држави членки на ЕУ.

– За толку години судбината на воените споменици во Северна Македонија воопшто не се промени, со еден мал исклучок – со споменикот на полковникот Каварналиев, истакна Јотова, додавајќи дека Бугарија има право на ваквата „цврста позиција, која ја зазеде неодамна“.

Бугарското МНР вчера соопшти дека Бугарија придава големо значење на прашањето за зачувување на бугарското културно-историско наследство и на бугарските воени гробишта во Република Северна Македонија и со години води политика за пребарување и обнова на бугарските воени гробишта и споменици во земјата.

Би можело да ве интересира

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Во пресрет на пописот во Албанија: Јотова ќе се сретне со Бугари во Голо Брдо кое е населено само од Македонци

Орце Костов

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Орце Костов

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска