Мери Јордановска, новинар во „Фокус“, на својот Фејсбук профил напишала дека не може да се воздржи , а да не каже…
„На вчерашната комеморација видов многу колеги, претставници од невладиниот сектор, професори, интелектуалци, политичари, бизнисмени.. Дел од нив никогаш го немаа запознаено Младенов лично, но се чувствуваа како да го познаваат преку неговите дела, преку самиот факт што тој беше основач на моќен медиум кој 20 години постои на овој пазар! На вчерашната комеморација како да застанаа границите, кој за кого е, кој против кого е… Се дојде за да му се оддаде почит и последен поздрав на еден наш колега!
Но, таа граница дури и вчера постоеше за претставниците на власта – не видовме НИТУ ЕДЕН да дојде макар на 5 минути и да му оддаде почит на Младенов, без разлика колку и да не се согласуваа со ставовите на Фокус. Не примивме ниту една телеграма, ниту еден e-mail, не видовме ниту еден статус на социјалните мрежи посветен на човекот кој и те како правеше промени во ова општество! Единствениот кој се одважи да испрати телеграма беше министерот за одбрана Талат Џафери и секоја чест за тоа! За сите останати – јаз’к! Покажавте колку и како ги вреднувате вашите неистомисленици – како да не постојат“, пишува Јордановска!