Јолевски: Во овој момент САД не се подготвени со нивни барања да влезат во решавање на прашањето за името

Од:

Декларацијата за стратешко партнерство потпишана со САД во мај 2008 година, збогатената билатерална соработка меѓу македонскиот Парламент и американскиот Конгрес и залагањето и конкретните странски инвестициии како резултат на соработката меѓу двете држави, имаат голема политичка тежина од 2007 до 2014 година, период кога должноста амбасадор на Република Македонија во САД ја вршеше Зоран Јолевски, оцени потпретседателот на Собранието и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски.

– Република Македонија цврсто опстојува на својата определба со САД да гради најблиско можно сојузништво базирано на Декларацијата за стратешко парнерство со цел таа богата билатерална соработка да биде дополнително унапредена и да резултира со очекуван заслужен исход, а тоа е полноправно членство во НАТО, истакна Милошоски на денешната седница на Комисијата, на која отчет за сработеното даде поранешниот македонски амбасадор во САД и преговарач за името, а сега министер за одбрана Зоран Јолевски.

Милошоски потенцира дека Јолевски направил прв посериозен обид за зближување и изнаоѓање заедничка основа за поблиска соработка помеѓу македонската и албанската дијаспора од Македонија во САД, затоа што двете заедници се и големи и влијателни и со различни степени на организација, а можат да придонесат за напредокот на земјата.

Одговарајќи на прашањата на пратениците членови на Комисијата за тоа дали САД прават доволно или може да се направи повеќе за решавање на наметнатиот спор за името од страна на Грција, има ли можност поинтензивно да бидат вклучени и да се направи поизбалансиран притисок кон двете страни, Јолевски меѓу другото потенцира дека во поглед на Македонија и на регионот ставот е оти Европа нема да биде целосно обединета се додека Западен Балкан не биде дел од ЕУ и од НАТО.

– Досега САД искажувале јавно дека го поддржвуаат процесот под покровителство на ОН и се залагаат за што побрзо да се најде заемно прифатливо решение. Во овој момент не гледам дека тие се подготвени да влезат во овој процес и со некои нивни ставови или барања да наметнат вакво или онаква решение. Моето чувство е дека засега таква позиција не постои, меѓутоа се разбира притисокот, според мене, се врши подеднакво и на Македонија и на Грција, рече Јолевски.

За прашањето за безвизен режим, тој појасни дека Амбасадата имала голем број состаноци, но за да се добие тоа потребно е да бидат исполнети два вида услови. Прво бројот на одбиени лица кои побарале виза за САД во Скопје и бројот на лицата откако дошчле во САД  останале повеќе од дозволеното,

– Во овој момент стапката што е пропишана во Конгресот е 3 проценти. Последните податоци што ги имам е дека за Македонија е дека под 17 проценти одбиени барања во Амбасадата во Скопје, треба да се има предвид дека во 2007 година Конгресот донесе краткорочна одлука во период од две години оние земји кои имаат под 10 проценти одбиени барања, можат да бидат вклучени во оваа програма.

Според Јолевски, во однос на економската соработка, трговијата далеку заостанува зад потенцијалите и можностите на двете економии. Тој смета дека таквата состојба е резултат на тоа што пазарот во Македонија за големите американски компании, како што подвлече, е многу мал за да инвестираат, а американскиот пазар е многу отворен и истовремено многу конкурентен. Јолевски посочи дека македонските компании на американскиот пазар треба стратешки да настапуваат како кластери.

Во отчетот Јолевски фактографски ги наброја големиот број посети на високи државни делегации до Република Македонија, меѓу кои и посетите на претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски. Се осврна и на потпишаните меморандуми за соработка во образованието, здравството, а пред се соработката на МО и на АРМ со Националната гарда на Вермонт, САД.

Ја спомена и Групата за пријателство, во чии рамки 54 конгресмени и сенатори упатија писмо до американскиот претседател Барак Обама во кое бараат Македонија заслужено да биде примена како рамноправна членка во Алијансата.

Поранешниот амбасадор во САД Јолевски информираше дека во тој период во Вашингтон сериозно зајакнала дијспората, организирал 35 бизнис форуми, посетил 1000 компании, а организирал низа културни манифестации, состаноци и приеми за презентација на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната