Според меѓународните дефиниции за „Пуч” во Македонија немало таков настан, вели министерот за одбрана Зоран Јолевски запрашан за настаните околу прислушувањето и полициската акција најавена од Владата, објави 24 Вести.
Јолевски вели дека надлежните органи треба да се изјаснат околу настаните, и не се врати да објасни и кога беше соочен со прашањето дека во Македонија немало пуч.
По изјавата на Јолевски, од Владата кратко коментираат дека ставот во однос на темата е искажан од премиерот Груевски и преку акцијата на МВР. А ставот на Груевски беше дека во Македонија имало обид за пуч.
МВР потоа ја најави акцијата наречена “Пуч” во која освен Заев, обвинети се уште тројца, меѓу кои и поренешниот разузнувач Верушевски.
Кои се странските служби кои работат против Македонија, јавноста се уште не слушна, но МВР приведе двајца свои припадници за кои тврди дека признале соработка со странците.
Портпаролот на МВР, Иво Котевски во последните изјави за медиумите сега вели дека полицијата ги бара кртовите во сопствените редови кои се поврзани со прислушувањето, со што се потврдува тезата дека граѓани се прислушувани од припадници на МВР.