Јолевски се сретна со амбасадорот Тимоние и воените аташеа на Франција и Турција

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска оствари средба со францускиот амбасадор во Македонија Кристиан Тимоние и новименуваните одбранбени аташеа на Франција и на Турција полковник Жан – Мар Лавале и потполковник Рушен Абидиноглу.

Министерството за одбрана соопшти дека на средбата со амбасадорот Тимоние и полковникот Лавале, министерот Јолевски истакнал дека соработката помеѓу двете земји во областа на одбраната е на високо ниво и оти и во континуитет треба да се прават напори уште повеќе да се развива. Соговорниците разговарале за степенот на реализација на планот за билатерална соработка. Полковникот Лавале го информирал министерот за понудата од Франција за заедничко учество во рамки на меѓународните мировни мисии предводени од Европската Унија.

Во разговорот со нерезидентното одбранбено аташе на Турција, министерот Јолевски се заблагодари за континуираната поддршка на вооружените сили на Турција за развојот на Армијата на Република Македонија, со акцент на воената помош. Воедно, стои во соопштението, министерот посочи дека за АРМ и за Република Македонија особено важна е можноста за заедничко учество со турските сили во рамките на командата на главниот град на Авганистан, Кабул, како дел од мисијата „Одлучна поддршка“ и тоа со офицерски кадар што е еден нов квалитет на учеството во овие мисии. Министерот Јолевски и потполковникот Абидиноглу посочија дека одбранбената соработка меѓу двете земји е на највисоко ниво со тенденција тоа да продолжи и во иднина.

Министерот Јолевски и на двете средби се заблагодарил за можностите за јазична едукација и едукација на воениот персонал на високообразовните институции на двете земји, како начин за развој на припадниците на Армијата и нивна целосна интероперабилност со земјите – членки на Алијансата, информира Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он