По состанокот, може да се заклучи дека и Македонија и Грција се сериозно подготвени да најдат решение и да го тргнат овој проблем настрана.
Ова вчера го напиша Зоран Јолевски твитер, амбасадорот на Македонија во САД и претставник во разговорите за името во ОН.
Може да се толкува како прва посериозна изјава од македонска страна. Дури и вчерашната изјава на медијаторот Метју Нимиц не отвори вакви сериозни придвижувања како што тоа може да се заклучи од овој твит на Јолевски.