Јолевски: Македонија бара преговори за името

Од:

Македонија бара да се интензивираат разговорите по покровителство на ОН за спорот за името, а статус-кво состојбата со интеграцијата е неодржлива, оценил македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски во обраќањето во Конгресот пред членовите на Парламентарното собрание на НАТО.

Јолевски, како што пренесува Дојче веле, истакнал дека Република Македонија е искрено посветена на изнаоѓање заемно прифатливо  решение за разликите околу името, со кое ќе се зачувуваат националниот идентитет и достоинство. Македонија ќе продолжи конструктивно да учествува во овие разговори, како што секогаш и правела.

Тој информирал дека амбасадорот Метју Нимиц, специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, на 7-ми април на двете страни им презентирал предлог. Неколку дена потоа медијаторот е информиран дека македонската страна е подготвена за средба на која ќе се разговара за предлогот.

За жал, поминати се три месеца од тогаш, се‘ уште не постои одговор од другата страна. Воедно Јолевски посочил и дека премиерот Никола Груевски пред две седмици испрати писмо до грчкиот премиер Самарас со предлог за состанок на преговарачките тимови на двете земји, предводени од страна на премиерите, а со посредство на Нимиц.

Во своето обраќање амбасадорот Јолевски се осврнал и на пресудата на Меѓународниот суд на правдата од декември 2011. и истакнал дека Македонија очекува Грција да ја почитува пресудата на Судот и да не го блокира консензусот Македонија да го добие заслуженото место во НАТО и во ЕУ.

– Состојбата на статус-кво е неодржлива за Република Македонија. Таа е неодржлива и за Европа. Интеграцијата на мојата земја во НАТО ќе има позитивно влијание не само во мојата земја и нејзините граѓани, туку за целиот регион на Југоисточна Европа, вклучувајќи го и нашиот сосед Грција“, истакнал амбасадорот Зоран Јолевски.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска