Јавното обвинителство ќе гони лекар специјалист за смртта на 21 годишната родилка

Од:

По спроведените дејствија од страна на надлежен јавен обвинител, Основното јавно обвинителство – Прилеп до Основниот суд – Прилеп поднесе обвинителен предлог против Г.О. лекар специјалист гинеколог- акушер во Општа болница „Борка Талески” Прилеп. На обвинетиот му се става на товар дека сторил кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето.

Според обвинителството, тој на 18 февруари годинава, во просториите на болницата, при укажување на лекарска помош – породување на сега починатата С.Б. од с. Беровци – Прилеп, несовесно постапувал.

При приемот во одделението, осомничениот не презел соодветни дејствија и навремено не интервенирал при породувањето и во периодот по породувањето. Како резултат на ненавремено преземање на соодветни дејствија здравствената состојба кај сега починатата нагло почнала да се влошува заради големото губење на крв, па осомничениот решил да преземе оперативен зафат кој бил безуспешен и не можело да се спречи понатамошното крварење.

И покрај сите преземени дејствија од страна на лекарите анестезиолози во рамки и во согласност со протоколите и објективната здравствена состојба, пациентката починала како резултат на хеморагичен шок настанат заради обилното крварење., наведуваат од Јавното обвинителство во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Болничар уби 10 пациенти од бизарна причина-да си ја намали работата

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата