Јавноста нема да го слушне сведочењето на загрозениот сведок за 27 април

Од:

Судијката Добрила Кацарска која го води случајот за насилниот упад во Собранието на РМ кој се случи на 27 април минатата година ја исклучи јавноста од денешното рочиште на кое за немилиот настан ќе сведочи загрозениот сведок ЕС1.

„Заради заштита на безбедноста на сведокот поради постоење опасност да се открие неговиот идентитет, согласно со членот 354 од ЗКП се исклучува јавноста од сведочењето. Присутни на рочиштето можат да бидам само претставници од ОБСЕ и претставници од Амбасадата на САД“, рече судијката Кацарска.

Меѓу обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се: поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, пратениците Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, како и предводниците на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски.

Обвинети се и Горан Ѓошевски – Леви, личното обезбедување на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељановски, разрешениот ексначалник во МВР Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдулфета Аљими, Јане Ченто, претседателот на патриотското здружение „Пере Тошев“ од Прилеп, началниците во МВР – Душко Лазаров и Митко Пешов, Горанче Ангеловски – Ќосето, Александар Василевски – Нинџа, Митре Питроповски.

Судијката Добрила Кацарска, која постапува по предметот, закажа уште 50-ина рочишта до крајот на јануари 2019 година. По сослушувањето на загрозениот сведок ЕС1, на следните рочишта ќе бидат изведени доказите, меѓу кои се и снимките што ги обезбедило Обвинителството што го застапува предметот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски