Јавните обвинители на Јанева воделе предмети против Кежаровски, Ставриќ, Шиповиќ, Тупурковски

Од:

Помал дел од јавни обвинители, кои треба да бидат дел од тимот на Катица Јанева, воделе предмети со политичка димензија и кои беа критикувани од експертите и јавноста. Поголемиот број се јавни обвинители кои работеле на предмети со помала тежина како кражби и прекршоци. Најистакнато име од предложениот список на Јанева е обвинителката Лиле Стефанова која е е единствена што работела на организиран криминал и корупција.

Стефанова е обвинителката која го распрашуваше Слободан Богоевски во предистражната постапка за случајот „Маѓар телеком“, која Јавното обвинителство ја отвори пред извесно време по допрен глас. Лиле Стефанова поднесуваше обвиненија и против Паско Кузман во случајот наречен „Фаланга 2“, но и за претседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, за фирмата „Машинопромет“, за вработените во Националната установа Музеј на Македонија, но и за случајот наречен „Шпион“. Се јавува како обвинител и во случајот „Пајажина“

Во случајот „Ликвидација“, таа побара притвор и затворски казни за судии, адвокати, јавен обвинител и за новинарот Томислав Кежаровски. Медиумите пишуваа дека Стефанова се појавила и во случајот „Пуч“. Таа во овој предмет не е потписник на обвинителниот акт против Зоран Заев, но на првото закажано рочиште се појавила како придружба на својот колега.

Трајче Пеливанов, избран за јавен обвинител во 2009 година, бил обвинител во случајот против очниот хирург Дејан Ставриќ, во кој наводно водачот на штрајкот на лекарите примил мито од 2000 евра. Пеливанов е член на извршен одбор на Здружение на јавни обвинители, избран 2012 година.

Снежана Бундалевска од ОЈО-Скопје, е задолжена за предметот „Тајвански кредити“ во кој ексдиректорот на Агенцијата за обнова и развој, Васил Тупурковски, и неговиот тогашен заменик, Јован Андонов-Реган се товарат за за злоупотреба на службената положба, односно дека со одобрување на средства (договори кои биле склучени со 8 фирми) од тајванската кредитна линија, ја оштетиле државата за 172.304.092 денари.

Обвинителството тврди дека парите од тајванскиот кредит биле доделувани без гаранции дека ќе бидат вратени.

Дарко Јакимовски од скопското јавно обвинителство, за јавноста е познат како обвинител на 20-годишниот Насер Ештрефи осуден за убиството на матурантот Ангел Петковски од Ѓорче Петров. Обвинителот го товареше Ештрфи за кривичното дело убиство со умисла. Јакимовски беше задолжен и за убиството на тригодишната Мевљана која беше претепана до смрт додека нејзината мајка била на работа. Во овој процес обвинителот тврдеше дека Џемаил Браими и неговата партнерка Јасмина Махмуд, го убиле девојчето, додека двајцата обвинети тврдеа дека девојчето паднало по скали.

Елизабета Јосифовска од ОЈО Гостивар, го водеше предметот за опожарување на Бигорскиот манастир. Обвинителката Јосифовска, тогаш, категорично ги отфрли шпекулациите дека пожарот бил подметнат од гостите, кои ноќевале во манастирските конаци.

Останатите јавни обвинители работеле на предмети кои не го свртеле вниманието на јавноста.

Гаврил Бубевски бил избран за јавен обвинител во 2009 година и според податоците на интернет бил задолжен за предмети како фалсификување на сообраќајна дозвола. Во моментот кога бил избран изјавил дека „со својата совесна работа ќе успее да ја врати довербата на граѓаните во правосудниот систем и во јавното обвинителство.“

Љубомир Лапе, е вработен во ОЈО Крива Паланка и за него е познато дека бил јавен обвинител во случај за неплаќање издршка, како и во случај за тешка кражба.

Стевчо Донев, јавен обвинител од Кочани. Во 2011 година магистрирал на Правен факултет Кочани (Универзитет “Гоце Делчев“) на тема „Организиран криминал и криминално (злосторничко) здружение во законот за национално и меѓународно право. Во 2013 година водел предмети за телесна повреда, за шверцување преку граница, загрозување на сигурноста, а во 2015 – предмет за тешка кражба.

За Артан Ајро, Дарко Јакимовски и Марија Ѓоргева е за сега е познато дека за јавни обвинители биле избрани во јуни 2012 година. За останатите јавни обвинители кои ќе се најдат во тимот на Јанева, за сега нема достапни информации.

Би можело да ве интересира

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Јанева: Не знам кога ме снимал Боки, јас снимката ја видов во Обвинителството

Ландов