Јавниот повик за признанието „Успешни млади“ отворен до 18 септември

Од:

Јавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2019 година, што го доделува Претседателот на Република Северна Македонија е отворен до 18 септември 2020 година.

Како што информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски, признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2019 година, во осум категории:

1. Најдобар/а млад/а научник/чка во општествените науки;

2. Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки;

3. Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки;

4. Најдобар/а млад/а научник/чка во медицинските науки;

5. Најдобар/а млад/а иноватор/ка;

6. Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта);

7. Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост);

8. Најдобар/а млад/а уметник/чка.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2019 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.

Јавниот повик во кој детално се наведени условите и начинот за доставување на пријавите е достапен на веб-страницата на Претседателот на Република Северна Македонија на:

– македонски јазик https://pretsedatel.mk/uspesnimladi2019/

– албански јазик https://pretsedatel.mk/al/te-rinj-te-suksesshem-2019/

– англиски јазик https://pretsedatel.mk/en/public-call-for-submission-of-applications-for-the-recognition-successful-youth-for-2019/

Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието „Успешни млади”, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски