Јавна расправа во Уставн суд за повреда на слободата на членови на „Левица“

Од:

На одбележувањето на Меѓународниот ден на слободата на печатот денеска во Уставниот суд се одржува јавна расправа по иницијативата поднесена од политичката партија „Левица“, која се однесува на повреда на слободата на мислата и јавното изразување, како и дискриминација по основ на политичка припадност.

Со образложение дека го попречуваат јавниот ред и мир и дека носат транспарент што повикува на омраза, а на кој пишува „Против војната за профити“, членови на „Левица“ лани во јули беа спречени во обидот да направат мирен протест на плоштадот во центарот на Скопје, каде се одржуваше презентација на воена опрема од САД.

Тројца членови на „Левица“ и еден граѓански активист при обидот да го постават транспарентот на ГТЦ, од полициски службеници 15 минути биле лишени од слобода и им биле ставени лисици на рацете, а потоа било побарано да го напуштат местото.

Правниот застапник на подносителите на иницијативата, адвокатот Павлина Зефиќ на јавната расправа рече дека во овој случај станува збор за повреда на слободата и правата за изразување бидејќи лишувањето од слобода од страна на полициските службеници било спротивно на Законот и на Уставот.

– Ограничувањето на слободата на изразување и пренесување на идеи и мислења може да биде исклучиво доколку е уредено со Уставот и доколку станува збор за вонредна состојба за што во конкретниот случај не станува збор, рече Зефиќ.

Подносителите на иницијативата Горазд Муртовски и Гоце Марковски, кои учествува во поставувањето на транспарентот, пред судот посочија дека пораката која сакале да ја испратат била многу важна, затоа што сакале со неа да кажат дека се против војните кои се водат во целиот свет.

Претставничката од МВР Татјана Калајџиска посочи дека против полициските службеници се поднесени дисциплински мерки затоа што е утврдено дека поплаките од граѓаните се основани.

– По сите проверки и извршените разговори со полициските службеници, утврдено е дека применетите средства на присилба се спроведени на незаконски начин, рече таа и додаде дека е известен надлежен јавен обвинител.

На јавната расправа учествуваа и претставници од Народниот правобранител, од ОБСЕ и од Хелсиншкиот комитет кои се согласија дека во овој случај е утврдена повреда на човековите слободи и права.

– Неспорно е извршена повреда на членот 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права, каде што децидно е наведено дека секој човек има право на слобода на изразување, рече претставникот на Канцеларијата на Народниот правобранител, Маријан Коњевиќ.

Членот на „Левица“ Горазд Муратовски на прашање од судијата Вангелина Маркудова одговори дека протестот официјално не бил пријавен во МВР, но оти бил јавно објавен на социјалните мрежи.

Презентацијата на воената опрема на САД беше дел од вежбата на американските и македонските војници „Драгон Гардијан 2017“ на Криволак.

Би можело да ве интересира

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство

Баџанакот на Тошковски “победи” студент на генерација и стана доцент обвинува Левица