А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Јавна опомена од ДКСК за судир на интереси

by А1он17/11/2016 - 12:27330
Share0

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска искажа јавна опомена за лицето Шпенд Халили поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси.

Следете a1on на Instagram Instagram

Халили покрај функцијата член на Управен одбор на ЈП „Градски Паркинг“ Тетово ја извршуваше и функцијата управител на Трговското друштво – ДПГТ „ЈОНИ АЛШ“ ДООЕЛ експорт-импорт с. Шипковица, Тетово, соопшти ДКСК.

– Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на функцијата управител на Трговското друштво – ДПГТ „ЈОНИ АЛШ“ ДООЕЛ експорт-импорт с. Шипковица, Тетово со што ќе ја отстрани повредата на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси. Шпенд Халили не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена, појасни Антикорупциската комисија.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Следете a1on на Youtube YouTube
dksk

Би можело да ве интересира

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он11/06/2026 - 16:3611/06/2026 - 16:41

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он11/06/2026 - 15:23

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Горан Наумовски04/06/2026 - 16:58

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он11/05/2026 - 18:5011/05/2026 - 18:52

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он22/04/2026 - 15:18

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Горан Наумовски19/02/2026 - 13:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто