Јавен повик за студенти за обезбедување туторство на ученици од основно образование

Од:

Министерството за образование и наука информира дека во тек е јавен повик за студенти за учество во реализација на програма за обезбедување туторство на ученици од основното образование.

Програмата предвидува обезбедување на бесплатни дополнителни часови за ученици по предметите кои се дел од наставниот план за основното образование, со цел обезбедување на дополнителна поддршка во совладувањето на наставната материја.

Повикот за учество во програмата е наменет за редовни студенти кои имаат желба доброволно да подучуваат ученици по изготвена програма на одговорен наставник за соодветна паралелка од основно училиште.

Програмата за обезбедување туторство на ученици во која се наведени сите услови и критериуми за учество може да се погледне на следниот линк.

Аплицирањето се врши преку порталот www.konkursi.mon.gov.mk, каде воедно е објавено и упатство за пријавување, како и пријавата за учество во програмата.

Би можело да ве интересира

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри