Јашар-бег и Хасан Приштина нови имиња на училишта во Чаир

Од:

И официјално, училиштата „Јане Сандански“ и „Цветан Димов“,во Чаир добија албански имиња

Министерот за образование Абдулаќим Адеми, стави потпис на одлуките за измени на статутите на училиштата и тие се преименуваат во „Јашар-бег во Скопје“ и „Хасан Приштина“.

Ова на својот ФБ профил го објави градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
„Со Министерството за образование и наука (МОН) неодамна официјално е постигнат консензус за промена на статутот со што се менува и имињата на училишта („Јане Сандански” станува „Јашар-бег во Скопје” и на „Цветан Димов” во „Хасан Приштина “)“, објави Меџити.
Двете одлуки на МОН се со потпис на министерот Адам (датум 08.06.2015), а до Министерството за образование биле испратени на 28.10.2014.
odluka

Би можело да ве интересира

Децата Роми најчести жртви на онлајн булинг, алармантни случаи на насилство и оружје во училишните ранци

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

Грција затвора повеќе од 700 училишта

Почнува новата учебна 2025/2026 година

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром