Јаревски: Коалицијата СДС и ДУИ преку изведувачот Стевчо Јакимовски отворено фаворизираат бетонизација на Карпош за бизнис од 600 милиони евра

Од:

Коалицијата СДС, ДУИ и изведувачот Стевчо Јакимовски отворено се заинтересирани и фаворизираат бизнис вреден повеќе од 600 милиони евра за нова бетонизација на Карпош. Станува збор за изградба на висококатници и до 35 ката кај поранешна Алумина, а инвеститор е фирма во сопственост на семејството на пратеникот на власта Исмаил Јахоски поточно, Пуцко Петрол вели пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Бизнис интересот на СДС и ДУИ да се изградат 353.491м2 станбено деловен простор на ултра луксузна локација, со што од тој дел на Скопје ќе направат инфраструктурно тесно грло и ќе го отежнат живеењето како на потенцијално новите жители, така и на постоечките. Зошто власта на СДС и ДУИ го турка овој проект? И зошто се ставени во неговата одбрана? Нафтената компанија „Пуцко Петрол“ на Асмир Јахоски, син на пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски, е компанијата која сака да ги гради висококатниците. Бетонизацијата на Алумина е во директна корист за ДУИ. За бизнис од 600 милиони евра Јакимовски е претворен во портпарол на оваа политичка бизнис коалиција наречена СДС и ДУИ. За интерес од 600 милиони евра ќе има нова бетонизација на Карпош, рече Јаревски на прес конференција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски