Јапонски експерти ќе работат на заштита на Охридското Езеро

Од:

Јапонски експерти ќе работат на физибилити студијата за рехабилитација и довршување на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.

Експертите треба да пристигнат денеска, а на проектот ќе работат  со претставници од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат информира дека ќе работат согласно планот.

– До декември годинава треба да се изработи нацрт – верзијата на физибилити студијата, а во март идната година се очекува да биде готова и финалната верзија, изјави Пановски.

По изработката на физибилити студијата за рехабилитација, ќе се бараат донатори за рехабилитација и довршување на колекторскиот систем на Охридското Езеро од македонска страна. 

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија