Јапонската амбасадорка најави туристичка промоција на Виница

Од:

Изложбата на јапонски графики „Лебдечки свет“ ја иницираше соработката на Општина Виница со јапонската амбасада во Македонија, по што денеска амбасадорката Кеико Ханаде имаше работна средба со градоначалникот Ивица Димитров.

Посетата на Виничко Кале, приказната за теракотните икони и за историјата на Виница беше оценета како одлична можност да се направи промоција на нашето културно богатство пред јапонските туристи.

– Видов дека овој регион е голем производител на нашата главна храна – оризот поради што веднаш ја препознав поврзаноста и блискоста. Со градоначалникот Димитров разговаравме за зајакнување на соработката, посебно во областа на туризмот, за што очекувам јапонски туристи да дојдат и во овој регион од Македонија, рече амбасадорката на Јапонија Кеико Ханада.

Градоначалникот Димитров претстави дел од проектите што се реализираат во општината, како и оние за кои се очекува финансиска поддршка, како што е реконструкцијата на крововите на ОУ „Никола Парапунов во селото Драгобраште и на ОУ „Гоце Делчев“ во Виница.

При посетата на музејот „Теракота“ Димитров на гостинката и подари копија од теракотните икони и примерок од монографијата за Виница.

Би можело да ве интересира

„Марш за ангелите“ во Виница: Каде биле инспекторите – одговорноста за последиците од пожарoт не запира кај сопственикот на објектот

А1он

„Марш за ангелите“ денеска во Виница: За вистината што предолго се турка во сенка!

А1он

Санкциите паѓаат пред реалноста: Јапонија увезува руска нафта за прв пат по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток

Такичи после земјотресот во Јапонија: Има загинати и голема материјална штета

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 7,4 степени

Ирански државјанин крвнички е убиен во Јапонија