Јанкулоска за 27 април: На телевизија видов што се случува во Собранието

Од:

Поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешното рочиште за настаните од 27-ми април во Собранието, негираше дека ВМРО-ДПМНЕ била организатор на настаните и додаде дека партијата формално никогаш не се изјаснила и немала став по однос на протестите.

Критичниот ден, како што рече, била во својата канцеларија во партиското седиште и притоа не се случувало ништо невообичаено.

– Дваесет и седми април остави траги кај сите нас. Јас во 17 часот си заминав од партијата, отидов дома и на телевизија видов што се случува во Собранието, додаде Јанкулоска.

На денешното судско рочиште за „Организаторите на 27-ми април“ повикани се 17 сведоци.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски