Јанкулоска: Вештачењата за Младенов завршени и ќе бидат доставени до истражен судија

Од:

МВР нема да излегува со информации бидејќи истрагата ја води истражен судија, меѓутоа крим-техничките вештачења се веќе завршени и во текот на денот извештајот ќе му бидат презентирани на истражниот судија кој потоа зависно од неговата проценка и зависно од другите информации кои можеби ги собрал и од други информации ќе процени дали, кога и во која форма да ја информира јавноста.

Ова денеска го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во врска со сообраќајната несреќа во која загина новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов.

– Во однос на суштината и содржината на тоа што е утврдено во вештачењата, прашањата и одговорите ќе мора да ги упатите до истражниот судија кој е единствен надлежен во овој момент да ја води истрагата. Ние завршивме со крим-техничките вештачења и во текот на денов извештаите за кои добивме наредба да ги направиме ќе му бидат презентирани на самиот истражен судија.

– Потоа зависно од неговите согледувања и сите други информации со кои располага останува да процени кога, дали и во каква форма ќе ја информира јавноста за деталите на овој случај, истакна Јанкулоска денеска по посетата на Полициската станица во Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

МИМ го објави 16-тиот конкурс за новинарската награда „Никола Младенов“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) СДСМ: Вистината за смртта на Никола Младенов – што се презентираше пред камера, а што зборуваа по телефон

Емир Латифовиќ

Протести во 9 градови во Македонија

Ана Ололовска

Груевски: Поддржуваме и се согласуваме на нова истрага за смртта на Младенов

Емир Латифовиќ

Две години од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска

Една година од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска