Јанкулоска се смееше додека слушаше како ги нарекува прост народ, луѓето од аферата „Списоци” на А1

Од:

На денешното рочиште за предметот „Титаник” во кривичниот суд, продолжи репродуцирањето на „бомбите“.

Во една од нив, Јанкулоска разговара со Мартин Протоѓер за аферата „Списоци“ која беше објавена на телевизијата А1 во 2011 година.

Јанкулоска му вели на Протоѓер дека е зачудена како партиските членови не и’ го познале гласот на новинарката Сашка Цветковска, која известуваше за аферата.

„Прост народ, тоа е“, вели Јанкулоска.

„Не знам како не и’ го познале гласот, секој ден е на телевизија“.

„Оваа Сашка Цветковска, која е бе она да се претставува со лажно име?”, вели Јанкулоска.

Тоа според неа е производ на болен ум: „Болен ум не знаеш што може да смисли“.

Протоѓер и’ вели дека ќе спремаат и тужби за новинарите.

Јанкулоска му раскажува на Протоѓер дека прилогот на А1 бил гнасен и безобразен.

„Ова беше монструозна конструкција. Стварно ја претераа“. „Кога ќе почнат да ги викаат на суд, малку е непријатно“, вели Јанкулоска, која се смее на телефон со Мартин дури го опишува прилогот.

Таа раскажува дека следниот ден „Алфа“ отвориле вести со тоа, а „Сител“ и „Канал 5“, правеле вести без врска.

„Нашава машинерија без врска прави прилози”, му вели ексминистерката на Протоѓер.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески