Јанкулоска од Идризово спроведена до Кривичниот суд

Од:

Во Основниот кривичен суд Скопје од затворот Идризово денеска е спроведена и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за да ја чуе пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

dobivaj vesti na viber

Јанкулоска во „Идризово“ ја издржува четиригодишната затворска казна за набавката на блиндираниот мерцедес во случајот „Тенк“.

Поранешната министерка за внатрешни работи е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувања, во делот за уништувањето на опремата, додека за прислушувањето, од кое има околу 23 000 нејзини разговори, бараше да биде додадена на листата оштетени.

Јанкулоска во своите завршни зборови пред Судот рече дека совеста ѝ е чиста, како и дека не го сторила делото за кое ја гонат. Таа посочи дека Судот може да ја задоволи правдата само ако донесе ослободителна пресуда за неа. Како што појасни Јанкулоска, теоријата дека помогнала во уништување на опремата за прислушување не е поткрепена со ниеден доказ и, според неа, значајно е да се направи разграничување што се случувало пред да биде изготвено и доставено на потпис решението за формирање на Комисија за ништење на системите за прислушување.

Пресудата за „Таргет-Тврдина“ ќе биде првостепена, а странките ќе имаат право на жалба до Апелацискиот суд.

Би можело да ве интересира

Му застаре дело на Мијалков за прислушкувањето, обвинителот побара да се запре постапката

Ана Ололовска

Продолжуваат судењата за „Таргет-Тврдина”, „Титаник“ и „Плацеви на Водно“

Одбиена жалбата на Мијалков за одредениот притвор за „Таргет-Тврдина“

Ана Ололовска

Службеник од УБК пробал да влезе со нож на пресудата за Мијалков

ВИДЕО: За адвокатот на Мијалков казната е драконска, а затворскиот притвор е противзаконски

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Ленче Ристоска за бегството на Мијалков: Не знам каде бил, задоволни сме од пресудата

Кристијан Ландов