Дел од разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска кој е доказ во „Монструм“, а прибавен од нелегално снимените разговори, беше цитиран од судијата Осман Шабани, откако обвинетиот Фејзи Азири побара тој да биде искоментиран од ексминистерката која е сведок на денешното рочиште.
Разговорот бил снимен на 16.04.2012 година. Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи и се обрати на Јанкулоска велејќи и дека таа знаела какви ќе бидат резултатите од форензичкото вештачење на разговорот.
Од транскриптот на разговорот, судијата Шабани цитираше како Јанакиески ѝ коментира на Јанкулоска дека колата можеби била на некој плац, а потоа додава дека било аматерски бидејќи истата не била запалена или фрлена во ендек.
Дел од исчитаниот транскрипт:
Јанакиевски: Абе мене ми дојде една идеја..
Јанкуловска: Ајде кажи
Јанакиески. Абе може да е глупост.. Такви типови на коли (се мисли на Опел Омегата) имавме во одземен имот, да проверите да не е од таму.. Да не ја изнел некој. Никој не ги контролира плацовите..
Јанкуловска: Абе, ние ја имаме колата
Јанакиески: Ама претходно, Гоца
Јанкуловска: Не, не. Го најдовме претходниот сопственик. Мене ми треба некој ако ја видел како се движи, да се види дали полнел бензин, па да се провери дали платил со картичка, кеш.
Јанакиески: Абе некој да не ја купил бе, Гоцо (се мисли на тоа откако била на плац како одземен имот)
Јанкуловска: Абе знаеме тоа.. (сопственост на колата) Нас ни треба каде се движела. Таа кола е украдена.
Јанакиескк: Па тоа викам Гоца
Јанкуловска: Тој од кого д купена пред да е украдена, не е тука
Јанакиевски: Аха
Јанкуловска: Мислам дека колата е стара повеќе од десет години
Јанакиески: Нема внатре ништо траги?
Јанкуловска: Треба време за тоа, не можеш одма. Треба време..
Јанакиески: Многу е аматерски што ја оставиле така колата, можеле да ја изгорат..
Јанкуловска: Не е аматерски….
Јанакиески: Ама можеле да ја запалат
Јанкуловска: Е можеле, ама мислеле нема да ни помогне..
Јанакиески: Или да ја фрлат во некој ендек
Јанкулоска: Треба да се земат траги…
На судењето, прашана од обвинетиот Фејзи Азири, ексминистерката Јанкулоска како сведок кажа дека не негира таква комуникација.
„Факт е дека со Миле сме имале многу разговори на оваа тема. Не негирам дека имавме ваква комуникација со Миле. Ова што вие потсетивте ова е еден дел од подолг разговор. Ова се размислувања, негови размислувања што ми посочува да испитаме, како да испитаме.. Овој разговор го гледам како еден од многуте кај што се обидуваат луѓето да дадат придонес“, рече Јанкулоска запрашана да го искоментира разговорот.
Во сведочењето, Јанкулоска објасни дека доколку анализите од возилото не покажуваат дека било кај Смилковското Езеро, тогаш ќе се добиеле такви извештаи.
Претходно, Горан Наќевски, родител на едно од убиените момчиња кај Смилковското езеро, ја запраша Јанкулоска дали ‘Опел омегата’ е во сопственост на МВР, а таа одговори дека тоа не е точно, што може да се види од списите чија сопственост е возилото бидејќи тоа е јавен податок кој судот го има.
За време на сведочењето на Јанкулоска, при прашање од адвокатот Насер Рауфи, гласно реагираше родителот Наќевски му порача одговори да бара во ДУИ.