Јанко Бачев: Еве што ќе преземеа пратениците на НДМ во парламентот, ако не бевме спречени на изборите?!

Од:

Во Македонија се случи историски скандалозен преседан за отстранување од изборите на Народно движење за Македонија (НДМ) поради политички сценарија.

Затоа, како претседател на НДМ имам силна обврска со неколку акценти да ги дополнам бројните активности на НДМ кои беа во функција на изборите:

Почитувани,

Пред нас се уште едни парламентарни избори што ќе се одржат на 11 декември.

Сведоци сме дека во дваесет и петгодишната парламентарна изторија на Македонија не и оди добро и менувањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не менува ништо.

Затоа, НДМ како единствена опозициска партија го започна процесот за рушење на двопартизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, храбро, решително и во интерес на народот.

Меѓутоа, се виде дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се сложни кога е загрозен нивниот интерес и нивните партиски послушници во ДИК во стилот на мафијашките организации на седницата на 14 ноември во раните утрински часови, поточно околу 4 часот наутро, го отстрануваат НДМ од изборите.

Претодно, на една од интерните анкети на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од 9 ноември (на два дена пред рокот за поднесување на листите во ДИК) им покажале дека НДМ ќе освои од 5 до 7 пратеници заради што е конструирано сценарио за спречување НДМ да учествува на изборите.

Најодговорно тврдам дека сите 7 листи на НДМ се составени според Изборниот законик, но, ДИК одлучи според логиката на политиката, а не според логиката на правото.

Меѓутоа, тоа не се. НДМ поднесе Пријава за изборни нерегуларности бидејќи ДИК дозволи незаконски листи на неколку други партии и листи поднесени од незаконски подносители, со што изборите на 11 декември се незаконски и ништовни. ДИК за овој скандал одбра да молчи, со што се потврди нашиот сомнеж дека на овие избори сите останати партии од македонскиот блок се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои на изборите треба да глумат демократија.

Затоа, на 11 декември пратеничките мандати ќе ги поделат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а останатите партии од македонскиот блок кои се под нивна директна контрола ќе имаат резултат – нула пратеници.

Колку беше сериозна намерата на НДМ во рушење на двопартизмот нека послужи податокот дека по 7 септември кога ја остваривме првата средба со граѓаните во Кочани, во наредните два ипол месеци ги посетивме речиси сите општини во Македонија, а во предизборната кампања која започна на 21 ноември требаше само да го повториме овие средби низ Републиката на кои би ги изложиле нашите заложби.

Како и да е, НДМ во програмата предвиде 1.181 мерка, за кои пратениците на НДМ одлучно ќе се залагаа во Собранието.

Еве најсумарно некои од мерките на НДМ:

НДМ во политичко-безбедносниот дел останува на првата линија во одбрана на виталните национали интереси:

– зачувување на унитарноста и територијалниот интегритет на државата;
– неменување на името-Република Македонија;
– неприфаќање по никоја цена двојазичност и федерализација на земјата;
– евроатланска соработка, но, не по секоја цена;
– рефереднум за членство во ЕУ;
– Македонија национална држава со гарантирани права на малцинствата според меѓународното право;
– расветлување на предавствата за време на Татковинската војна во 2001 и целосно згрижување на бранителите;
– враќање на задолжителниот воен рок;
– укинување на Службата за државна безбедност и основање на мала, ефикасна и високо оперативна безбедносна служба во интерес на народот и државата;
– попис на населението и расветлување на фалсификуваниот попис од 2002 година;
-поништување на одлуката за референдум за Кичево и Струга.
– враќање на присилно раселените лица од Татковинската војна во 2001;
– задолжителен систематски преглед нан носителите на јавни функции;
– развој заснован на сопствена памет, сопствена храна и сопствена одбрана… и повеќе други мерки

НДМ во економско-социјалниот дел останува во служба на граѓаните, семејството, стандардот, одгледувањето и воспитувањети на здрава млада популација (не се лутиме што некои од нашите економски мерки се украдени од други партии, само нека се спроведат во реалноста):

– минимална плата од 500 евра;
– укинување на приватните извршителство и враќање на извршувањето во судовите и враќање на парите од присилната наплата за комунални сметки стари и по 10 години;
– минимална казна затвор од 10 години за кражба на буџетски пари и враќање на смртната казна за тешки дела на кражба на народниот имот,
– ревизија и одземање на украденото во криминалната, нечесната и неправедната приватизација со која се изврши грабеж на општествениот имот и данок за богатите со цел исправање на неправдите од криминалната приватизација;
– право на бесплатни акции од акциите каде државата има капитал за сите кои не добија акции во криминалната приватизација иако општествениот капитал го создаваа сите работни луѓе во социјализмот;
– враќање во мнозинска државна сопственост врз Телеком, Топлификација и Електродистрибуција:
– намалување на животните трошоци за 50%, трајно решавање на здравственото и пензиското осигурувањето на земјодлеците со уплата од 500 денари месечно;
– сигурен откуп на земјоделското производство;
– воведување на министерсто за село и министерство за вработување;
– враќање на средната класа како столб на едно здраво општество;
– бесплатно образование и бесплатно здравство;
– продажба на 10.000 службени возила (Данска и Норвешка имаат само по 18 возила);
– намалување на казните и воведување на правило од 3 опомени пред казнување;
– воведување 7 – часовно работно време од 7,00 до 14,00 часот;
– укинување на апанажата;
– укинување на радио-дифузната такса;
– укинување на ангажираната моќност што граѓаните ја плаќаат со сметките за струја;
– укинување на давачката за граѓаните што не користат парно греење;
– ревизија на лихварскиот банкарски систем кој немилосрдно го краде народот… и многу други мерки од оваа област.

Почитувани граѓани,

Пропаднаа сите лаги на Никола Груевски и Зоран Заев дека сакаат фер изборен натпревар на кој народот ќе одлучи на кого ќе ја даде довербата.

Со наменското отстранување на НДМ од изборите падна митот за т.н. големи партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои се уплашија од НДМ на изборите. Во секое зло, добро!

НИТУ СО ЛЕВИТЕ НИТУ СО ДЕСНИТЕ ТУКУ СО НАРОДОТ, посочува Јанко Бачев, претседател на Народно движење за Македонија

Би можело да ве интересира

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Бачев: Чуствува ли Заев срам што пријателите од НАТО го оставија на цедило?

Жарко Настоски

Бачев му пиша на Вучиќ: Дозволете Македонците да се вакцинираат во Србија, во име на пријателството меѓу двата народа

Жарко Настоски

ВИДЕО: Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ поднесе листи со кандидати до ДИК

Ландов

Единствена Македонија реагира бидејќи не се поканети на лидерска средба кај Спасовски за коронавирусот

Ландов

(ВИДЕО) Бачев, Кекеновски и „Тврдокорни“ со здружени сили ќе бараат гласови на изборите

Искра Манојлоска