Шефицата на СЈО во оставка Катица Јанева, за „А1он” вели дека било недоразбирање претресот кој полицијата го вршела на обвинителката Фатиме Фетаи.
-Не е точно, не сум издала таква наредба. Станува збор за недоразбирање. Не сум расположена за повеќе разговор”, рече Катица Јанева која не сакаше да одговори на други прашања.
Обвинителката Фатиме Фетаи вчера за А1он изјави дека при влез во зградата на СЈО била претресувана од страна на полициски службеник по наредба на Јанева. Фетаи жестоко се спротиставила на ова по што се обидела да ја најде Јанева во нејзината канцеларија но не успеала.
Во Специјалното јавно обвинителство денеска нема голема раздвиженост при влез и излез од зградата освен обезбедувањето.