Јанева треба да врши увид во доказите за „Рекет“

Од:

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ денеска треба да изврши увид во доказите во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.

Ова го најави нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска завчера кога заедно со Јанева беа во обвинителството за да бидат известени дека е завршена истражната постапка, по што Јанева беше вратена во Затворот Скопје каде што издржува мерка притвор за овој случај.

Увид во доказите вчера изврши Бојан Јовановски, кој е првоосомничен во случајот „Рекет“.

Случајот „Рекет“ Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори во јули годинава, против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во притвор во Затворот Скопје, а Зоран Милески – Кичеец со одлука на судот од завчера е префрлен во домашен притвор.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов