(ВИДЕО) Јанева со адвокат кај Русковска: Се надевам ќе ја забрзам истрагата

Од:

Катица Јанева пристигна во Основното јавно обвинителство за гонење криминал и корупција. Пред да влезе со адвокатот Стеван Павлески, поранешен јавен обвинител, таа не сакаше да одговара на новинарски прашаења ниту сакаше да коментира за случајот „Рекет“.

„Што се однесува до мојата изјава денес се надевам дека ќе помогнам на истрагата“, кажа Јанева, по што влезе на распит.

Таа во својата изјава рече: „Јас сум се уште специјален јавен обвинител“, посочувајќи дека нејзините обвинители имаат целосно овластување да ги настапуваат предметите на суд.

Јанева изрази надеж дека есенва ќе има неколку разрешници од случаите кои ги води СЈО.

Специјалната јавна обвинителка доцнеше неколку минути на распитот кај Вилма Русковска.

Досега во Обвинителството искази дадоа специјалните обвинители Лиле Стефанова, Елизабета Јосифоска и Бурим Рустеми, а вчера на распит беше донесен второосмничениот Зоран Милески – Кичеец, како и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра