Јанева се сретна со Столтенберг: Работата на СЈО е клучна за обезбедување на владеењето на правото

Од:

Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева денес оствари средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во рамки на неговата посета на Република Македонија.

На средбата Специјалниот јавен обвинител Јанева го информираше Генералниот секретар на НАТО Столтенберг дека Јавното обвинителство со кое таа раководи има институционална одговорност за истражување на кривичните дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и дека е решително да ја исполни целта заради која е формирано.

Јанева нагласи дека работата на ова Јавно обвинителство е од исклучителна важност за обезбедување на владеењето на правото и враќање на довербата на граѓаните во институциите на државата како еден од клучните предуслови за членство на Република Македонија во НАТО.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина