(ВИДЕО) Јанева: Судењето за Пуч се одложи по вина на судот кој не го повика Груевски

Од:

Судењето се одложи по вина на Судот, бидејќи еден од поротниците се разболел. Реагирав на одлуката на Судот и реагирав на одлуката да се одложи за 1 ноември бидејќи сметам дека ваков предмет е од битна природа и треба да биде закажан порадно, рече специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по одложеното рочиште за случајот Пуч.

– Реагирав и на тоа дека мојот сведок, господинот Никола Груевски не беше повикан на судењето, судот сметал дека не е потребно да е присутен. Неоправдано беше и тоа што судот не дозволи да влезат и новинарите на самото рочиште, бидејќи требаше да влезете и да слушнете што ќе кажам, рече Јанева.

Обвинителката Јанева истакна дека судењето мора да се одржи, бидејќи луѓето кои се опфатени имаат мерки за претпазливост со кои трпат ограничување на својата слобода.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Почнува судењето за Стојанче Јовановски

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

ИПАРД случајот стигна до суд: Продолжение на постапката на 30 април

Горан Наумовски

Судење „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза, за одбраната наодот е по европски стандарди

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он