Катица Јанева од Шутка ги спасува истрагите и обвиненијата на СЈО

Од:

Од СЈО за „А1он“ потврдија дека Катица Јанева од Шутка дала наредба преку судот до обвинителите на СЈО сите истраги и предистражни постапки во рок од три дена да му ги предадат на Јавното обвинителство.

„А1он“ дознава дека станува збор за полномоштва со кои им се дава овластување на обвинителите во рок од три дена да ги предадат истрагите и предистражните постапки на редовното обвинителство.

За наредбата на Јанева треба да биде донесена одлука на колегиумот на СЈО.

Од СЈО подоцна ја потврдија информацијата со соопштение:  „Во текот на вчерашниот ден до ова Јавно обвинителство од страна на Основниот кривичен суд Скопје доставено е полномошно кое Катица Јанева преку КПУ „Затвор Скопје“ го доставува до ова Јавно обвинителство. Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ со цел запознавање на Јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување“, соопшттија од СЈО.

Мандатот на СЈО му истекува на 15 септември. Неговиот иден статус треба да се реши со новиот закон за Јавно обвинителство кој е во собраниска процедура, за кој, власта и опозицијата засега не можат да се усогласат.

Би можело да ве интересира

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

A1on

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски