Јанева се враќа во Шутка

Од:

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска за „А1он“ рече дека очекува во текот на денот Јанева да биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Обвинението за предметот „Рекет“ сè уште не го добила, но очекува во текот на денот и тоа да се случи.

Поранешната специјална обвинителка беше пренесена во клиниката „Жан Митрев“ во четвртокот поради висок крвен притисок и влошена општа здравствена состојба.

Претходно, одбраната на Јанева побара притворот да и биде заменет со куќен притвор, но Судот го одби ова барање.

Јанева е обвинета во аферата „Рекет“ и издржува мерка притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Би можело да ве интересира

„Рекет” продолжуваа со завршни зборови

Ана Ололовска

„Рекeт” продолжува на 26 и 27 мај

Ана Ололовска

Русковска: Факт е дека Јанева примила пари

А1он

Судењето за „Рекет“ продолжува на 19 мај

Ана Ололовска

Јанева: Со Бојан Јовановски не разговаравме за СЈО, туку за модата и љубовта

Ана Ололовска

Јанева: Не сум виновна, Камчев не бил привилегиран, а пари немам земено

Ана Ололовска