Јанева: Истрага за лица вмешани во „Скопје 2014“ кога ќе утврдиме каде завршиле парите

Од:

Додека не ги анализираме сите документи и не утврдиме каде завршиле буџетски пари, кај кои физички или правни лица се одлеале, дали се тие во Република Македонија или надвор и кој ги користи, нема да отвориме истрага за одредени лица кои се директно инволивирани во проектот „Скопје 2014“, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева.

На конференцијата „Заробена држава – илустрирана преку случајот – изградба на проектот ’Скопје 2014’“, која денеска ја органиизраше Транспаренси Интернешнл-Македонија, Јанева рече дека во моментот кога СЈО ќе смета дека има доволно основано сомневање за сторени кривични дела од физички или правни лица, ќе ја отворат истрагата затоа што, рече, работат на анализа на докази и материјали што ги собираат на законит начин.

СЈО повеќе од две години води предистражна постапка за „Скопје 2014“, а индиции за него биле телефонски разговори и начинот на кој се градел. Собираат, рече Јанева, документи за патот на парите од Буџетот на РМ и собрале голем број материјали за фасади, споменици и згради и за разни одлуки на Владата за овој проект. Но проблем е архивирањето и начинот на селектирање на документите што требало да се чуваат.

– Најголем проблем имаме во Општина Центар која документите за јавни набаавки за разни објекти и споменици од „Скопје 2014“ не ги селектирала и тоа ни прави голем проблем. Голем број од нив се предадени во Архивот на РМ, па се вратени во Општина Центар, па не се знае каде се наоѓаат. Во последен период најдовме огромен број материјали кои биле складирани во Архивот на РМ непопишани. Сега ги зедовме во наша сопственост и во моментов ги анализираме, рече специјалната обвинителка.

Бидејќи е во предистрага, таа не изнесе детали за „Скопје 2014“, но рече се работи за проект почнат уште во 2007 и реализиран на „суптилен и организиран начин“ и се уште, како што рече, има последици од одлуките што ги носеле институциите.

– Можам само да кажам дека одлуките на највисоко ниво, во Владата на РМ, за еден таков проект видлив во главниот град, се донесувале под точка разно, а не под точка што се донесува. Многу грижливо внимавале структурите на власта како да не дојде до транспарентно информирање на граѓаните што навистина се гради. Се работи за организирана операција која знаела која е целта – да се изградат огромен број објекти и споменици за кои немало план и програма, туку се граделе според политичка програма на една политичка партија, рече Јанева.

Додаде дека корисни за СЈО би биле извештаите на Државниот завод за ревизија но дека тие биле маргинализирани, а истото во однос на донесување на одлуките, рече таа,се случувало и во Собранието.

Би можело да ве интересира

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

A1on

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски