Јанева: Акцијата на СЈО следуваше 30 дена откако Регистарот не постапи по наше барање

Од:

За вчерашната акција на Специјалното обвинителство во Централниот регистар со писмена реакција излезе и обвинителката Катица Јанева. Таа пишува дека наредбата за одземање на документација од Централниот регистар следува по барање на СЈО, откако Централниот регистар во рок од 30 дена не постапил по нивните барања.

„Наредбата е издадена по барање на ова Јавно обвинителство, откако Централниот регистар во рок од 30 дена не постапи по нашето барање и единствено не извести дека барањето било нејасно, иако во неколку наврати имаше телефонска комуникација со јавни обвинители и истражители во насока на појаснување што се е предмет на нашето барање.

Ве известуваме дека во текот на вчерашниот ден (вечерта) воспоставена е соработка со Централниот регистар и доставен е дел од бараната документација. Имајќи предвид дека се работи за голем обем на документација, во деновите што следат ќе биде одземена целокупната документација која е наведена во наредбата за одземање на предмети, за што благовремено ќе Ве информираме. Воедно изразуваме уверување дека добро воспоставената соработка со Централниот регистар ќе продолжи и во иднина“, се наведува во соопштението од СЈО.

Вчера пред крајот на работното време, истражители на СЈО биле во Централниот регистер да побараат документи кои потребни за истрага.

По нивното заминување стигнала дојава од вработен во Централниот регистер дека имало обид за изнесување на дел од документацијата надвор од зградата на Централниот регистер. Врз основа на оваа дојава СЈО побарало судски налог за полициска асистенција.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

„Цар Борис трети“ избришан од Централен регистар

Орце Костов

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Централниот регистар го продолжува рокот за поднесување годишна сметка

Ана Ололовска

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов