Јанчева: Половина мандат на ДПМНЕ во Скопје, нема бесплатен превоз a ЈСП е пред колапс

Од:

Изминуваат две години од мандатот на ДПМНЕ во Скопје, заедничка локална власт со градоначалничката за којашто бараа доверба од граѓаните. На половина од мандатот, ниту едно од ветувањата дадени пред скопјани не се реализирани вели координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје Љубица Јанчева.

– На половина мандат, на Скопје му се случува нова катастрофа поради неспособната локална власт на ДПМНЕ. Најголемо ветување на изборите беше ветувањето за целосно бесплатен јавен градски превоз. По 2 години, бесплатен јавен градски превоз во Скопје ветен од ДПМНЕ нема. Не е реализирано ниту ветувањето за 250 нови автобуси. Не само што нема бесплатен превоз, туку градскиот сообраќај и јавниот транспорт се во постојан хаос, а ЈСП пред колапс. На приватните превозницо повторно, со месеци им се доцни исплатата. А за средношколците дотациите, за бесплатен јавен превоз се 100% исплатени. На повидок е ново стопирање на јавниот превоз. Наместо лажни изговори, ДПМНЕ и Арсовска треба да најдат решение за проблемите во ЈСП што тие ги создадоа. А директорот треба да понесе одговорност рече Јанчева на прес конференција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски