Јанчев прогласи победа во Кавадарци

Од:

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Митко Јанчев вечерва прогласи победа на локалните избори.

– Денеска победи Кавадарци, победи општината, го избравте правиот човек кој ќе ве води во прав правец, истото ви го ветувам и денеска како што го ветував и претходно. Пред се сакам да се заблагодарам на сите жители во Кавадарци, на сите оние кои излегоа да гласаат без разлика од која страна, Кавадарци е убава општина и ќе биде најубава, рече Јанчев на прославата на градскиот плоштад.

Јанчев нагласи дека знае да работи и да менаџира со општинскиот буџет и се заблагодари на неговиот тим и за поддршката од кавадарчани.

– Ги поздравувам и од спротивната страна и да им кажам ќе имаат прекрасна соработка со мене, само во интерес на општината. Ќе соработувам со секого без разлика од која партија е само во интерес на Кавадарци, додаде Јанчев.

Според првичните информации, во Росоман и Демир Капија победија кандидатите на СДСМ и коалицијата, Бранко Јанев и Лазар Петров.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината