Јанчев од Левица: Носење на системски закон по скратена постапка е надвор од памет

Од:

Законот за организација и работа на органите на државната управа, претставува системски закон и преку овие измени, се менува организацијата и работата на Владата и министерствата, чија работа има директно влијание врз милиони судбини.

Пратеникот од Левица – Сашко Јанчев, побара тргање од Дневниот ред на точката преку која мнозинството се обидува како што рече „да прошверцува системски закон“.

– Прво, основниот закон кој се планира да се менува има 73 члена. Предлогот на Мицкоски предвидува измена на 26 од тие 73 члена. Измена на една третина од основниот закон не може да се третира како едноставна и мала работа, туку како обемна и сложена – потенцираше народниот пратеник од Левица, Сашко Јанчев, од собраниската говорница на втората седница.

– Второ, со предлогот на Мицкоски се предвидува интервенција во половина од постоечките министерства и тоа бришење на надлежности, одземање на надлежности од еден ресор и додавање во друг, а се предвидуваат и четири нови министерства – истакна Сашко Јанчев.

– Трето, Уставот предвидува различни мнозинства за носење на закони, врз основа на битноста и материјата која ја уредуваат законите. Па така постои најмало мнозинство, тоа е обично мнозинство, средно односно апсолутно мнозинство, и најголемото а тоа е дво-третинско мнозинство – додаде Јанчев од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ и СДСМ беседат само за ЕУ, а извештајот на ЕК ги потврдува критиките на Левица за корумпираните политики

Катерина Ѓуровски

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал