Јанчев од Левица: Даути кршењето на Деловникот го оправдува со етнички квалификации

Од:

„Собранието мора да изгласа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, поради тоа што со нејзиното несовесно, противуставно и противзаконско делување го кочи носењето на измените на Законот за бранителите, а со тоа ја кочи и работата на Собранието”, истакна пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, по однос на интерпелацијата поднесена против пратеничката Илире Даути.

Јанчев од Левица додаде дека Претседателката на Комисијата не дозволува членовите на Комисијата да ставаат точки за дополнување на Седницата.

https://mail.google.com/mail/u/1/#inbox/FMfcgzQZSZHplKrwXNDVnmHKRhPTtgbc?projector=1

– Членовите имаат право на секоја наредна седница да го дополнуваат дневниот ред. На секоја наредна седница претседателката одбиваше да го стави. Што е позадината? Одговорот што Даути го даде е дека сè додека законски не се изедначат припадниците на ОНА со бранителите, законот нема да помине. Но, ОНА е одговорна и за сериозни воени злосторства за кои до денес никој не одговара. Беа убивани цивили, беа затворани вентили за вода, беше разрушен Лешочки манастир. И што е резултатот? УЧК доби амнестија – истакна пратеникот од Левица.

– Најдобар показател за тоа како живее населението е природен пораст на населението. Видете што се случува после 2002 година и носењето на Рамковниот договор. Во сите места каде што живее претежно албанско население има пад на наталитетот од 17 до 30 отсто. Поради флагрантното кршење на Деловникот и Уставот од страна на Илире Даути, ги повикувам пратениците од владејачкото мнозинство да гласаат ЗА интерпелацијата на Левица – дообјасни Јанчев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата