Јанчев и Богданов разрешени од партиските функции во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев вечерва бил разрешен од партиската функција на состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, дознава неофицијално „А1он“.

Освен него, од партиската функција бил разрешен и Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите.

Јанчев беше еден од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, кои јавно изразија несогласување со ставот на партијата за референдумот и изјави дека би гласал за уставните измени, под услов на донесување на нови амандмани за гаранции за државата и амнестија за настаните од 27 април.

Во тек е состанокот на Централниот комитет и според најавите се очекува вечерва партиското раководство да соопшти повеќе детали околу темите за кои се дискутирало. Претходно, во петокот вечерта од партијата беа исклучени пратениците кои гласаа за уставните измени, а на претходните состаноци пред еден месец од функцијата заменик генерален секретар беше исклучен и реформаторот Петар Богојески.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?