Јанакиески, нотарите и правобранителката добија притвор за да не избегаат и да не влијаат врз сведоци

Од:

Основниот кривичен суд во Скопје информира дека за осум осомничени лица опфатени со најновата истрага на Обвинителството за гонење организиран кирминал и корупција определил 30 дневен притвор.

Меѓу нив се ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, службеникот во Министерството за транспорт, Димитар Димовски, двајца нотари и државната правобранителка Емилија Радојкова.

„Постапувајќи по предлогот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и им определи мерка притвор на лицата: М. Ј., А. Ј., Е. Р., М. Ј., Д. Д., В. С., Д. М., и Л. С. На лицата Б.Д. и С.К. им определи мерки на претпазливост. За М.Ј. и Е.Р. се исполнети условите од точка 1 и 2 опасност од влијание, а за останатите осомничени, сите 3 точки“.

Против овие решенија осомничените имаат право на желба.

„Станува збор за склучување договори за оттуѓување земјиште во сопственост на РСМ, во кои договори се предвидени договорни обврски во однос на исполнување на обврските од страна на изведувачот, но тие обврски понатаму не се испочитувани. Било предвидено реален товар да се воспостави, односно да се обезбеди државата, како што се прави впрочем и во секој договор, а таквото нешто е прикриено. Реалните товари не се солемнизирани, односно не се прикажани во актите за солемнизација, со што, всушност е нанесена штета на РМ и не е предвидено раскинување на договорите и земјиштето не е вратено во сопственост на РМ“, појасни попладнево обвинителката Ивана Трајчева за истрагата на Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Судoт го одби предлогот на обвинителството за спојување на постапките во случајот „Адитив“

Кривичен суд: Одложено судењето за предметот „Адитив“

Утковски: Имаме ограничен број на возила и вработени во затворската полиција во затвор „Скопје“

Горан Наумовски

Кривичен суд: Рочиштата за главна расправа се одложени поради непостапување на Затворските установи

Кривичен го одобри обвинението за директорите на Онкологија – Васев и Нухи, го оштетија државниот буџет за 36 милиони евра

А1он

Кривичниот суд ја осуди Де Јесус Невес Марлиене, државјанка на Бразил на казна затвор од 5,6 години за посредување во проституција