Јанакиевски: Ќе се набавуваат шест нови воза

Од:

Министерот за транспорт и врски информираше дека следната година ќе бидат набавени шест возови а постоечкиот возен парк ќе биде репариран.

– Наредната година ќе набавиме шест нови возови, четири дизел и два електро и ќе продолжиме со репарирање на веќе постоечките со цел возниот парк на АД „Транспорт“ да биде целосно реновиран и ставен во функција. Се работи за некаде од 12 до 15 вакви возови. Се надеваме дека тоа ќе го постигнеме до 2014-2015 година. Целокупната инвестиција е околу 100 илјади евра, рече Јанакиески.

Јанакиески рече дека средствата за новите возови се веќе обезбедени и оти во моментов се ангажира консултант кој ќе работи на тендерска документација.

Би можело да ве интересира

Делумен прекин на железничкиот сообраќај – бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

ВИДЕО: Петти месец хаос на Плетвар, асфалтирањето треба да заврши за две недели

Маја Илиевска-Пачемска

Казнета фирмата „Ројал Травел“ која без лиценца и без дозвола превезувала патници

Катерина Ѓуровски