Јанакиески: За жал Груевски не е тука во судницата

Од:

Судијата Огнен Ставрев, кој го суди предметот „ТНТ“, по паузата која што ја даде за да им назначи адвокати по службена должност на обвинетите, откако утрово не се појавија на рочиштето, рече дека ова што се прави со бранителите е со цел опструкција и одолговлекување на процесот.

Ставрев рече дека на сите досегашни рочишта меѓу себе се заменувале во постапката, а овој бојкот на судењето, значи само едно, одлагање на рочиштата: “На 50 места се заменувавте. Ви дозволив. И доаѓа крај на судењето, и вие се откажувате. Не е во ред. Не е фер. Ова е злонамерно”.

Обвинетиот Тони Трајковски рече дека не било фер да добива адвокат неколку часа пред да даде одбрана, а неговиот бранител, кому му откажал полномоштво го бранел досега две години.

„Ние не сме виновни. Нас ни се ускатува правото. Во 10 навечер ни закажуваат судење во 8 саат“, рече Трајковски.

Обвинетиот Миле Јанакиески рече дека бара да бидат испитани само двајца сведоци, Фијат Цаноски и Адријан Амзоски. Судијата рече дека треба да се испита и Никола Груевски, но не е тука, на што Јанакиески дополни „за жал не е“.

Ексминистерот за транспорт и врски кажа дека нема потпишано едно ливче за овој настан за кој му се суди и во интерес и на јавноста, треба да се сослушаат овие сведоци, кои, како што кажа, судот не му ги прифатил.

Утрово судот казни тројца адвокати со глоби од над 2.000 евра зашто неоправдано не се појавија на судењето за случајот.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на тогашниот политички противник Фијат Цаноски. СЈО тврди дека со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а доплнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе барааат отштета.

Обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексградоначалникот Тони Трајковски, како и Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева. Предметот е во доказна постапка и преостанаа уште двајца сведоци и сослушување на обвинетите.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска