Јанакиески со раката во џеб образложува како ќе докаже дека е невин во ТНТ, судијата го опомена

Од:

Обвинетиот Миле Јанакиески од десетина листови чита и образложува зошто предметот ТНТ не може да го води обвинителот Бурим Рустеми, какви докази ќе поднесе во текот на постапката, како и дека ќе ја докаже неговата невиност. Додека, како што рече „поставува правни прашања“, Јанакиески ја стави раката во џеб, а судијата Огнен Ставрев го опомена.

„Миле ќе ве молам раката“, рече Ставрев, по што Јанакиески ја извади раката и рече „Се извинувам“.

Јанакиески одново го убедуваше судечкиот совет дека преку докази ќе докаже дека обвинителниот акт не е базиран на факти и аргументи. Тој, како и неговите адвокати Дангов и Миланов бараше предметот да се одземе од Бурим Рустеми и да се даде на друг обвинител, бидејќи, тој е обвинител од ОЈО и не може да го води предметот.

„Ќе презентираме голем број на докази и факти со кои ќе докажеме дека обвинителниот акт не е базиран на факти и аргументи. Предметот ТНТ е преземен од ОЈО во СЈО со цел „бомбите“ и СМС пораките да се користат од единственото надлежно обвинителство. Јавниот обвинител од јавното обвинителство нема надлежност над овој предмет. Во однос на ова, заедно со одбраната со повеќе докази побаравме од ОЈО да ни ги дадат фамзоните дописи од Катица Јанева и не ни ги достави, а ги добивме од судот. Доколку Јовески не ги даде дописите автоматски дозволува предметите да паднат пред повисоките судови“, посочи Јанакиески.

„Ќе докажеме дека СМС пораките и аудио фајловите не се автентични, што е дополнителна причина зошто не можат да се користат во постспката“, рече поранешниот министер.

Обвинетиот Јанакиески даде објаснување дека нема потпишано ниту еден документ за уривањето на објектот „Космос“. Тој посочи дека во текот на повторното судење ќе докаже дека немал никакви надлежности во однос на објектот во делот на носење решение за отстранување на дивоизграден објект, а ќе покаже како се применуваат правилници за конкретен план.

„Ќе докажам дека сум немал цел да му се одмаздам на оштетениот Фијат Цановски за негова политичка одлука, кој како претседател на политичка партија ПЕИ ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и склучил коалиција со СДСМ. Ова заедно со моите бранители ќе го докажеме преку презентација на еден од клучните докази а тоа е пресудата на Уставниот суд каде преку истата овој суд веќе има одлучувано по барање на заштита на слободите и правата по член од Уставот. Јас не сум имал учество во склучување на коалицијата меѓу ПЕИ и ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак да ја напушти. Немам потпишано ниту едно ливче во постапката за рушење на ‘Космос’ од почетокот до крајот”, рече Јанакиески.

Додека Јанакиески читаше листови за да даде воведен говор околу тоа како ќе се брани во текот на постапката за ТНТ, која почна одново, судијата Огнен Ставрев побара од обвинетиот да го скрати говорот.

„И самиот закон вели во кратки црти“, му рече Ставрев на Јанакиески.

„Преку распит на Катица Јанева ќе докажеме дека ова е политички мотивиран случај“, додаде Јанакиески.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов