Јанакиески штрајкува со глад во затворот во Шуто Оризари

Од:

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој од минатата недела повторно се најде зад решетки во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, од саботата започнал штрајк со глад. За ова е известен и Кривичниот суд во Скопје.

Адвокатот на Јанакиески, Еленко Миланов за А1он вели дека причина за штрајкот на поранешниот министер е одлуката на судот кој му изрече мерка притвор за најновото обвинение на ОЈО за продажба на државно земјиште.

-Јанакиески моментално има 2 активни решенија, едното е за куќен другото за притвор во Шуто Оризари. Револтот е поради несоодветното постапување на судот односно тоа што има 2 притвори со идентични причини. До сега куќниот притвор се покажа како ефективен односно дека Јанакиески не може да се даде во бегство ниту пак да влијае врз сведоци, вели Миланов.

На ексминистерот за транспорт и врски покрај обвиненијата од СЈО, му се става на товар и едно обвинение од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за продажба на државни парцели, како и една истражна постапка во која е осомничен како организатор на насилниот упад во Собранието на РСМ на 27 април 2017 година.

До канцеларијата на Народниот правобранител е испратена претставка.

Би можело да ве интересира

Миле Јанакиески излегува од затвор

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Кривичен ја чита пресудата за Јанакиески по свое: Смета дека имало пропусти само во жалбената постапка, не за притворите

Александар Тодески

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

ВИДЕО: Во празна судница, Игор Јанушев осуден на двегодишна условна казна за кинеските автобуси

Александар Тодески