Додека штрајкува со глад Јанакиески примил храна од дома

Од:

Ексминистерот Миле Јанакиески кој од петокот повторно се наоѓа во затворот во Шуто Оризари и кој најави дека ќе штрајкува со глад, како што велат од затворската управа, во понеделникот примил храна вода и облека од дома. Од управата тврдат дека здравствената и психичката состојба на Јанакиески е стабилна, но не знаат дали ексминистерот продолжил со штрајкот со глад или се храни од она што му носат од неговиот дом.

Адвокатот на Јанакиески, Еленко Миланов, за „А1он“ вчера изјави дека причина за штрајкот на поранешниот министер е одлуката на судот кој му изрече мерка притвор за најновото обвинение на ОЈО за продажба на државно земјиште.

Јанакиески моментално има две активни решенија за притвор. Покрај затворскиот кој се однесува на новото обвинение, на Јанакиески му беше продолжен и куќниот притвор за истражната постапка која се води за упадот во Собранието на РСМ на 27 април 2017 година, а за што обвинителството го терети дека е еден од организаторите.

Би можело да ве интересира

Миле Јанакиески излегува од затвор

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Кривичен ја чита пресудата за Јанакиески по свое: Смета дека имало пропусти само во жалбената постапка, не за притворите

Александар Тодески

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

ВИДЕО: Во празна судница, Игор Јанушев осуден на двегодишна условна казна за кинеските автобуси

Александар Тодески